Фротирка

Меѓународен ден на крпата

Денес е меѓународниот ден на крпата! Се прашувате како да го одбележите? НОСЕТЕ КРПА со себе! Каде? Насекаде ??? Овој ден се празнува за да се оддаде почит на Даглас Адамс, авторот на книгата „Авторстоперски водич низ галаксијата“. Пешкирот, според него, е најкорисното нешто што еден меѓуѕвезден автостопер може да го понесе со себе. Па затоа, секоја година на 25 Мај, неговите фанови празнуваат! ??
Листа на сите земји со сите настани погледнете на интернационалната страна www.towelday.org каде што е и Македонија.

❗️Приклучете се и вие заедно со нас кон оваа глобална иницијатива и денес земете пешкир со себе! Внимавајте да не е излитен, а задолжително да биде чист. Направете фотографија ? или видео ? во текот на денот и објавете ја за да ги поддржите илјадниците луѓе низ светот кои го прославуваат денешниот ден – а доколку вашата крпа е од #frotirka – не заборавајте да не означите! Бидете сигурни дека ќе ве наградиме ?
За сите кои ќе се прашуваат зошто носите пешкир – одвојте минута-две за да им објасните, па грабнете по една #frotirka, направете слика и очекувајте награда ?
#frotirka #hitchhickersguidetothegalaxy #happyday #internationaltowelday

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *